Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Скопско лето PDF Печати Е-пошта

Она што го означува Скопско лето се епитетите за најобемна, најразновидна, најдолготрајна и по многу компетентни оценки една од најквалитетните културни манифестации од меѓународен карактер што се одржуваат во Република Македонија. Потврда на своето реноме манифестацијата обезбедува и надвор од границите на Македонија верификувано со членството во Меѓународната асоцијација на фестивали и асоцијации – ИФЕА.

Почетно поставената замисла во 1980 година, кога првпат се одржа оваа манифестација, за обезбедување непрекинато културно живеење во текот на летните месеци евулуираше во оформување на Скопско лето во “сезона вон сезоната”. Концепцијата на манифестацијата која опфаќа музички концерти, оперски, балетски и драмски претстави, ликовни и фото изложби, филмска програма, перформанси и мултимедијални проекти, заедно со сопствената продукција на проекти и бројните гостувања од странство Скопско лето го претвораат во единствено и неповторливо културно доживување.

Домашните творци кои ги удрија темелите на Скопско лето денес претставуваат основа која ја овозможува квалитетната надградба на програмата со гостите од странство чиј број од година во година е се поголем и во последните неколку години од просечно шеесетина програми кои се реализираат во рамките на манифестацијата најмалку половината се со меѓународна димензија.Така Скопје секогаш останува отворен град за духовно богатите, за творците, за уметниците од сите светски меридијани.Скопје како отворен град за културата и уметноста беше домаќин на гостите од целиот свет, како од соседните земји: Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора, така и од поширокиот европски регион: Хрватска, Словенија, Турција, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Русија, Финска, Шведска, Данска, безмалку од сите европски држави, но и од прекуокеанските земји САД, Канада, Австралија, Венецуела, Аргентина, Малезија, како и од Јапонија, Индија, Иран, Алжир, Египет и други.

Секоја година почнувајќи од 21 јуни, првиот ден на летото и “Светскиот ден на музиката” се креваат завесите на триесетина различни локалитети – сцени, на Скопско лето. Се до 31 јули, кога завршува манифестацијата, во ритамот на духовноста пулсираат отворените сцени на Скопската тврдина, Старата чаршија, Куршумли ан, Сули ан, Кејот на Вардар, Градскиот парк, салоните на скопските театри и ликовните галерии.

Околу 2000 учесници ги привлекуваат во гледалиштата скопјани, гостите на Скопје, сите оние кои моментално живеат и работат во главниот град на Македонија или се само на пропатување.

 

 

Мени

<<  Август 2014  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
      1  2  3
  4  5  6  7  8  910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

              

S5 Box

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)