Унет - Интернет Провајдер
 
 
 
 
МЕДИУМ ЦЕЛУЛОЗА
Симон Шемов

Книгата во која се поместени 35 колорни фотографии од делата создадени од рачно изработена хартија, изложени на изложбата “Куќа на сонцето” отворена во рамките на СКОПСКО ЛЕТО, афирмира нов медиум во ликовната уметност.Таа покрај научниот карактер нуди и дидактички материјал за уметниците, научниците,студентите.
 
УБАВИТЕ ЖЕНИ
Васил Тоциновски

Љубовта кон жената е највозвишениот поетски идеал.Најтрајните естетски дела во светската книжевна ризница се на оваа тема.Книгата “Убавите жени” е преглед на современата македонска љубовна поезија хронолошки пртеставувајќи 226 автори со по една нивна најубава љубовна песна.
 
БРАЌА ГИНОВСКИ ЗОГРАФИ ВО ЦРНА ГОРА
Анѓа Капиџиќ

Научен труд за животот на браќата Гиновски кои потекнуваат од селото Галичник во дебарскиот округ чиј творечки опус е овековечен на повеќе од 120 иконостаси и неколку илјади икони. Книгата е збогатена со 85 шеми на иконостасите и 54 колорни и црнобели фотографии. Всушност тоа е сведоштво на дел од македонскиот творечки културен дух вткаен во културното милје на Црна Гора.
 
НИКОЛА БАДЕВ
Роска Бадева

Монографија за една од легендите на македонската народна песна чија интерпретација и филигранско уникатно украсување на мелодиите остави незбришливи траги во нашето песнопојно творештво.Книгата содржи повеќе колорни и црнобели фотографии и триесетина антологиски бисери, мелографирани онака како што Бадев ги интерпретирал.
 
ГО САКАМ СКОПЈЕ
Данило Коцевски

Книгата е составена од кратки прозни записи за времиња, настани и личности од историјата на Скопје, за нештата кои некогаш биле живот, а денеска многу од сето тоа останало да живее само во спомените.Книга за возвратена љубов кон македонската престолнина од неговите луѓе и од сите оние кои некогаш престојувале или само минале низ него.
 
 
Страни: 1  2   3   [ Следна>>]