|
Дирекција за култура и уметност - Скопје
Официјално корените на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје ги наоѓаме во
далечната 1948 година, што ја вбројува во институциите со најдолга традиција во
културата во Македонија.
Нејзината виталност се должи на постојаното прилагодување на актуелните услови со
што таа секогаш се наоѓа во жижата на културните настани со основна функција да го
негува, афирмира,презентира и стимулира домашното духовно творештво во постојана
комуникација со светските збиднувања.
Изминатите пет и пол децении се исполнети со илјадници програми, десетици илјади
учесници,стотици илјади посетители, но бројките и статистиката не мора секогаш да ја
изразуваат суштината кога станува збор за остварувањата во творештвото и уметноста
Затоа бројки се заменети со фактот на континуираното активно постоење, постојананата
присутност меѓу уметниците и публиката.
Дирекцијата за култура и уметност својот интерес го насочува кон сите области на
творештвото: музиката, театарот, литературата, филмот, ликовната уметност, негувајќи
ги преку сите достапни форми: концерти, претстави, издаваштво, изложби, семинари,
работилници, мултимедијални презентации.Во оваа смисла, покрај наброените програми
преку кои е претставено творештвото на домашните и странските автори, во
портфолиото на Дирекцијата останува забележана сопствената продукција на драмски и
балетски претстави, изложби на врвни домашни автори,издадени книги, носачи на звук
и видео.
Постојаната и широка комуникација со творците и институциите, големиот број на
соработници & овозможија на Дирекцијата да го стави својот потпис зад бројни културни
настани и проекти кои оставија значаен белег во севкупното културно живеење во
Македонија или сеуште траат како такви.Покрај асоцијативната улога самостојно или во
соработка со сродните институции таа е иницијатор, основач и реализатор на значајни
културни манифестации како што се Скопското лето, Блуз и соул фестивалот, Есенските
музички свечености, Новогодишната програма.
Во списокот на уметници кои се претставиле во организација на Дирекцијата среќаваме
имиња на врвни творци од целиот свет кои пренесуваат дел од своето национално
духовно богатство, понесувајќи од Скопје и Македонија нова енергија, нови сознанија
и пријателства.
|