Унет - Интернет Провајдер
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   Програма
 


Музиката како универзален јазик со неограничени можности за изразување, не познава граници, време, простор при пренесување на возвишените цели и воспоставување на контакт меѓу луѓето, на знаењето и креативноста на творците и репродуктивните уметници.

Ставајќи се во позиција на истражувач на нови и свежи идеи, а со цел да се придонесе во поттикнувањето, унапредувањето и развојот на културата преку разни форми на изразување, Дирекцијата за култура и уметност, покрај веќе традиционалните активности и манифестации, во 2000 година ја иницираше новата музичка манифестација “Есенски музички свечености”.

Традиционалниот термин на одржување на манифестацијата е месецот Ноември.

Концепциски манифестацијата жанровски и тематски е отворена со цел да се збогати музичкото живеење и да отвори уште еден нов простор за делување на домашните и странските уметници.Програмската основа на манифестацијата ја претставува сериозната музика, но секогаш се остава простор и за други музички жанрови како џезот, шансоната, етно музиката и слично.