Есенски музички свечености PDF Печати Е-пошта

Музиката како универзален јазик со неограничени можности за изразување, не познава граници, време и простор при пренесување на возвишените цели и воспоставување на контакт меѓу луѓето, на знаењето и креативноста на творците и репродуктивните уметници. 

Ставајќи се во позиција на истражувач на нови и свежи идеи, а со цел да се придонесе во поттикнувањето, унапредувањето и развојот на културата преку разни форми на изразување, Дирекцијата за култура и уметност, покрај веќе традиционалните активности и манифестации во 2000 година ја иницираше новата музичка манифестација „Есенски музички свечености”. 
 
Имајќи ја во вид определбата на Министерството за култура на Република Македонија да создава поволни услови за поттикнување и помагање на работата на невладините здруженија во областа на културата, уште од првата година на манифестацијата, Министерството за култура на Република Македонија, даде целосна, комплетна поддршка на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и „Есенски музички свечености” прогласувајќи го ноември за „Месец на музиката”. Оживотворувајќи ги теоретските постулати во практично дејствување, Министерството обезбедуваше финансиска конструкција за „Есенски музички свечености”, за специјалните проекти од посебен и меѓународен интерес (Ротердам денс балетот, Балканската филхармонија,) како и со поддршка на националните институции за премиерно или наменско учество во манифестацијата (Операта-„ Посета на старата дама”, Балетот-„Ана Карењина”, Македонската филхармонија со бројни гости и програми итн.) 
 
Концепциски манифестацијата, жанровски и тематски е отворена со цел да се збогати музичкото живеење и да отвори уште еден нов простор за делување на домашните и странските уметници. Вклученоста на сите институции и внесувањето на други разнообразни репродуктивни тела беше една од највиталните определби на „Есенски музички свечености”. Националните институции (Македонската Операи Балет, Македонската филхармонијата, Факултетот за музичка уметност), беа темел на кој синхроно и координирано се надградуваа и градските институции (Културно информативен центар, Младински културен центар, итн.) заедно со невладиниот сектор (Сојуз на музичките уметници на Македонија, Сојуз на композиторите на Македонија, Музичка младина на Македонија и Скопје) ја градеа и вообличуваа програмата на „Есенски музички свечености”, со својата редовна, но сепак наменска и специфична програмска дејност. „Есенски музички свечености” беа најшироко отворени за сериозно репродуцирање и опстојување на поголемите состави како бројни дуа и триа, квартети (Гудачки квартет, Квартет тромбони) квинтети (Дувачки квинтет „Арт”), како и поголеми состави (Алеа, Жлуст, Бахус, Арко, Скопски солисти итн.) хорови (Женскиот младински хор, Факултетот за музичка уметност, Света Злата Мегленска, ГМХ „Вардар”, ЖМХ „Менада” итн.), оркестри (КО на Музичка младина на Македонија, Мандолинскиот оркестар на МКЦ, Мандолинскиот оркестар Скопје, итн.) Заедно со плејадата извонредни солисти (Симон Трпчевски, Михаило Куфојанакис, Васил Атанасов, Љубиша Кировски, Леонид Пејсахов, Дарко Костовски , Шкељзен Бафтијари, Стојан Димов, Ана Гацева, Гордана Јосифова Неделковска, Анна Контраденко, Божидар Пејиќ, Надица Ристиќ, Нинослав Димов, Елена Костовска, Јета Старова, Ермал Мехмети, Аспарух Ќортошев, Дарко Багески, Јане Пенов, Петар Колевски, Огненка Герасимовска, Страшо Темков, Марија Вршкова, Билјана Петровска, итн.) многу оперски солисти (Славица Петровска Галиќ, Весна Ѓиновска, Ана и Игор Дурловски, Марјан Николовски, Горан Начевски, Цветан Стојановски, Ирена Кав¬калевска, итн.) настапија и бројни македонски диригенти (Сашо Николовски Ѓумар, Борјан Цанев,Томислав Шопов, Сашо Татарчевски, Летка Димовска, Ивица Зориќ, Ерхан и Ра-мадан Шукри, Илија Атанасов, Кире Костов итн.) кои заедно придонесуваа за целосна, високо квалитетна и разновидна слика, како и практична поддршка на македонскиот музи¬чки живот. 
 
Ова особено се однесува за македон-ските композитори: В. Николовски, Т. Прошев, Г. Смокварски, Д Шуплевски, Р. Аврамовски, Т. Зографски, Д. Ортаков, С. Стојков, Љ. Бранѓолица, Д.Бужаровски, И. Пејовски, Д. Даутовски како и другите современици од помладата генерација, кои беа многу често составен дел и инкорпорирани во програмите на уметниците. Една од спецификите на „Есенскимузичкисвечености”е ивнимателно посветување на светското творештво и ком¬плетна вечер посветена на великаните на светското музичко творештво - Малер, Бе¬товен, Карл Орф, Зеленка, Бах, Шостакович, современите руски композитори итн. 
 
Програмската разнообразност е придонес повеќе кон построго концепирана програма на „Есенските музички свечености”, кон тн. сериозна музика - класика и поголеми изведувачки ансамбли. Со цел да се освежи, ис-тражува, презентира и освои нов публикум, „Есенски музички свечености” вклучуваат и програми кои не се стандардизирани во репертоарот на македонските уметници: џез, акустика, шансона, модерен танц (Сузан Вајнарт бенд, Џез пистолс, Шибли бенд, Жилбер Лафај, Мишел Бернар, Штефан Грасе, Един Карамазов, Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов, Мишел Ен де Меј, Грегори Гросжан, итн),секако, на задоволство на уметниците, композиторите, педагозите, стручната јавност - еснафот, публиката средствата за јавно информирање итн. 
„Есенски музички свечености”збогатени се и со бројни меѓународни гостувања. Силен им¬пакт е грижата за рамномерната присутност за актуелниот музички момент во соседството и регионот преку разновидни програми, состави и личности.Така на пример од Србија гостуваа “Кралските гудачи на Св. Ѓорѓе”, Стефан Миленковиќ од Белград, хорот “Коча Коларов” од Зрењанин, “Академскиот хор” и “Трио” од Ниш, од Бугарија “Академскиот дувачки квинтет” и Гудачкиот квартет “Арс музика”, Милен Начев, Стефка Минева, Марија Белчева, како и хорот ”Дунавски звуци”од Русе, Камерниот оркестар при Универзитетот од Сегедин, Унгарија. 
Од регионот, исто така, гостуваа бројни гости, меѓу кои “Театар комедија” од Загреб со мјузиклот “Пјаф”, Триото Митев, Јоже Котар, Хинко Хас - Словенија, Суела Мулај - Италија, Ирини Никола, Силва Скендери - Албанија, Нико Исаков - Бугарија, итн. Од европските и пошироките простори „Есенски музички свечености” беа домаќини на уметници од Русија, САД, Полска, Германија, Франција, Холандија, Австрија, Унгарија, Белгија, итн. 
Без желба и претензии да ги набројуваме сите или поголемиот дел од учесниците на „Есенски музички свечености”, со што би се поентирала важноста на манифестацијата, са¬каме да укажеме дека нема дилеми и интерес е на сите, вредностите постигнати со „Свече-ностите”, вткаени во културните постигања и слоеви на македонската култура - да се одржуваат, негуваат и развиваат со поинтезивно и поквалитетно ниво.
 
Месецот ноември, месец во кој се одржуваат „Есенски музички свечености”, донесе силен импулс во збогатувањето на музичкиот, концертниот живот обезбедувајќи им на граѓаните на Скопје и Македонија, во изминатите и наредните години интезивен и поквалитетен културен живот.
 
           Мирко Стефаноски                          
 

Мени

<<  Февруари 2012  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
272829    
Weather for Skopje
Fog Sunny Mostly Sunny Sunny Partly Cloudy
-3°C 8°C 9°C 13°C 8°C
Чет Пет Саб Нед Пон

                  

S5 Box