Концерт на Кристијан Каровски PDF Печати Е-пошта

Кристијан Каровски е роден 1986 година во Скопје. Музичкото образование го започнува на шестгодишна возраст во класата на проф.Људмила Романова. Дипломира 2009 год. Магистрира 2010 год. на Факултетот за музичка уметност при универзитетот Св.„Кирил и Методиј“–Скопје, во класата на проф.Борис Романов, со највисока оцена и Цум Лауде. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди : прва награда на натпреварот „Шопенијада“ (1996) Скопје, прва награда на меѓународниот натпревар во Брно - Чешка (1997), специјална награда на Државниот натпревар (1999) Скопје, трета награда на меѓународниот натпревар (2000) Милано, втора награда на меѓународниот натпревар (2005) Белград. Од државните награди позначајна е наградата од Фондацијата „Климентина Рафајловска“ која го прогласи за најдобар матурант во 2005 год. Одржал повеќе самостојни рецитали во својата земја (2004, 2005, 2008, 2009). Еден од најзначајните е рециталот на Фестивалот „Охридско лето“ 2009 год. Повеќе пати настапувал како солист со Македонската филхармонија. Повеќе од 10 години е учесник на меѓународниот семинар на проф.Борис Романов, одржуван во рамките на Охридско лето.

 
P.I.Tchaikovski - “Годишни времиња” - Јануари, Март и Октомври
F.Chopin - Ballade no.4 - Балада бр. 4
K.Debussy - Estampes - “Pagodes”(Pagodi), La soiree dans Grenade(vecer vo Grenada),
Jardins sous la pluie (Дождовните градини)
Ravel - ”Valses nobles et sentimentales” (благородни и сентиментални валцери)
 
12 Декември (Понеделник)

20:00 часот - Концерт на Кристијан Каровски (пијано) - Музеј на град Скопје

 

Мени

<<  Февруари 2012  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
272829    
Weather for Skopje
Fog Sunny Mostly Sunny Sunny Partly Cloudy
-3°C 8°C 9°C 13°C 8°C
Чет Пет Саб Нед Пон

                  

S5 Box