|
Концерт на Дорина Ларо и Кристина Лацо |
|
|
|
|

Дорина Ларо (Dorina laro) е родена 1976 година во Тирана. дипломирала со највисоки оценки во 1999 година на Акедемијата за уметности во Тирана, во класата на проф. Астрид Селита (Astrid Selita). Истата година освојува прво место на „French Music Competition“. Во периодот од 1996 до 2001 година членува во Меѓународниот симфониски оркестар во Македонија, во квартетот „DEA“, оркестарот „Млади виртуози“ од Тирана. Истовремено посетува мастерчасови кај В. Панхофер (W. Panhoffer), Ф.М.Ормезовски (F.M. Ormezowski) и А. Картунен (A. Karttunen). Во 2001-2002 добива стипендија од D.A.A.D. (германски сервис за академска размена) за студии на виолончело во класата на проф. К. Рихтер (C. Richter) и камерна музика во класата на проф. А. Рајнер (A. Reiner). Соработува со голем број на уметници изведувајќи премиерни дела на сцените во Албанија, со многу широк и успешен репертоар. Редовно настапува со пијанистката Кристина Петролари Лацо
(Kristina Petrollari Laco). Од 2002 работи во Одделот за камерна музика на Факултетот за музика при академијата за уметности во Тирана.
Кристина Петролари Лацо (Kristina Petrollari Laco) е родена во Корча, дипломирала со највисоки оценки на „Академијата за уметности” во Тирана, во класата на проф. М. Кристиди (M. Kristidhi). Своето искуство го надоградува кај познати музичари како што се: Т. Енгел (T.Engel) од Германија, С. Билие (S Billier) и Ц. Дезер (C Desert) од Франција, С. Милстин (S Milstein) и Е. Ашкенази (E Ashkenazy) од Италија. Соработувала со најзначајните оркестри во Албанија (Албанската радио телевизија, Националната Операта и Балет, оркестарот на Академијата за уметности) и инструменталисти како виолинистот И. Мави (I.Madhi) и виолончелистот А. Селита (A Selita) и учествувала на бројни фестивали како ’„Меѓународни денови на современа камерна музика’’, „Современа музика” и други. Редовно настапува на концерти со виолончелистката Дорина Ларо (Dorina Laro), со која и со Е. Красничи (E.Krasniqi ) - виолина го формираат триото „Ларо арт” („LARO ART”). Од 2005 година таа работи како доцент на катедрата по пијано на Академијата на уметностите во Тирана.
|