Ансамбал ТАНЕЦ PDF Печати Е-пошта

 

Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “Танец” е симбол на македонската култура и уметност . Тој веќе шест децении е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти на земјината топка, односно подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото македонско фолклорно богатство, кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ. Формиран во 1949 година (од страна на) и со Указ на Владата на Република Македонија, „Танец” ја остварува целта да го собира и негува македонското фолклорно богатство, орото, песната, интструментите, богатите оригинални носии и да го презентира во земјава и надвор од неа преку концерти, фестивали и други манифестации од областа на културата. Првото претставување на „Танец” надвор од Македонија е на меѓународниот фестивал во Ланголен – Англија во 1950 година, каде Ансамблот добива прва награда. Овој настан останува запаметен како прв, но не и последен од ваков вид, а воедно е и потврда за успешно презентирање на македонското фолклорно богатство во и надвор од земјата со над 4500 концерти, фестивали и други културни настани, проследени со над осум милиони посетители.
За неговата успешност зборуваат и големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добиени по разни поводи, а меѓу кои: највисокото признание „Орден за залуги за Македонија”,  Републичките награди „11 Октомври”, и „Климент Охридски”, како и наградата „13 Ноември” на градот Скопје и многу други. Како доказ за уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните натписи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и сл. каде се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија, меѓу кои: „Тешкото” како симбол на македонското оро, „Невестинско”, „Комитско”, „Чифте”, „Калајџиско”, „Тресеница”,
„Осоговка”, „Драчевка” и други, кои се само дел од она со што располага „Танец”. Во својата благородна културна мисија, „Танец” е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората, каде ги посетува и почестува со голем број концерти во нивните матични земји.
 
27.11.2011 20:00 часот - Ансамбал за Народни песни и игри на Македонија “Танец“ ; “Незаборав - Класика во народната музика“ - Македонски Народен Театар
 

Мени

<<  Февруари 2012  >>
 По  Вт  Ср  Че  Пе  Са  Не 
    1  2  3  4  5
  6  7  8  9101112
13141516171819
20212223242526
272829    
Weather for Skopje
Fog Sunny Mostly Sunny Sunny Partly Cloudy
-3°C 8°C 9°C 13°C 8°C
Чет Пет Саб Нед Пон

                  

S5 Box